22.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Експеримент во САД: со имунотерапија го победила карциномот на дојката

Жена со агресивен тип на рак на дојката, на кој не влијаела ниту хемотерапијата и се проширил и на другите органи, е излекувана со помош на експериментална постапка што го поттикнала нејзиниот имунолошки систем да се одбрани, објавија научниците.

Таа нема рак повеќе од две години, откри тимот од САД, кој своите резултати ги претстави како нов имунотерапевтски пристап за пациенти во крајна фаза од болеста. Таканаречената имунотерапија веќе се покажала како успешна кај некои луѓе што боледуваат од рак на белите дробови, грлото на матката, леукемија, рак на кожата и мочниот меур, но успех не бил забележан кај ракот на цревата, градите и јајчниците.

Американскиот тим во овој случај ѝ ги екстрахирал лимфоцитите на пациентката Џуди Перкинс, ги модифицирал лабораториски и потоа ги вратил во нејзиното тело. Перкинг за овој експеримент се пријавила на возраст од 49 години кога не успеале неколку третмани, се вели во студијата што ја објави магазинот „Нејчр медисин“.

Спонзорирано: