14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Обвинение за седуммина кои направиле лабораторија за дрога во Тетово

Поднесен е обвинителен акт против седум лица во предметот за најголемата лабораторија за производство на синтетички дроги во Југоисточна Европа.  Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција до Основниот суд Скопје 1 Скопје информира дека е поднесен обвинителен акт против двајца државјани на Република Србија и петмина македонски државјани поради неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори.
Еден од обвинетите се гони за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи. Случајот е резултат на неколкумесечната истражна постапка и меѓународната правна соработка на македонското и српското обвинителство. Поради постоење  опасност од бегство, надлежниот обвинител со oбвинителниот акт предложи и продолжување на мерка притвор за сите обвинети.
Во текот на 2017 година обвинетите како меѓународна организирана криминална група во двете држави неовластено купувале, држеле, пренесувале и посредувале во продажба и купување психотропни супстанции и прекурзори. Тие набавувале и опрема и материјали за кои знаеле дека се наменети за производство на амфетамин стимуланс на централниот нервен систем (ЦНС) класифициран во Националната листа во Листа II на забранети опојни дроги и психотропни супстанции. За таа цел, во повеќе наврати остварувале меѓусебни контакти и средби во Србија и во земјава.
Дел од набавените супстанции и прекурзори ги сместиле во објект во село Батинци, а дел во објект во Тетово каде инсталирале функционално техничко-технолошка целина. Во објектот во Тетово тие почнале да ги преработуваат супстанциите и прекурзори теи производство на психотропна супстанца – амфетамин.
При претрес на двете локации, од страна на полициски службеници се пронајдени и одземени различни машини и опрема, како и 67 најлонски кесички со вкупно 204 696 таблетки што содржат амфетамин, со вкупна нето-маса од 35,044 килограми, 910.415,5 таблетки различно спакувани со лого каптагон што содржат  амфетамин, со вкупна нето маса од 155,864 килограми, психотропна супстанца амфeтaмин со нето маса од 52,263 килограми и поголемо количество  супстанции што претставуваат меѓупродукти и продукти од споредни реакции во процес на добивање  амфетамин, како и прекурзори класифицирани во Националната листа во I и III категорија на прекурзори. При претрес на дом на еден од обвинетите е откриено оружје кое обвинетиот неовластено го поседувал и тоа еден полуавтоматски пиштол crvena zastava M57 без рамка, две празни рамки за пиштол М57 и 85 куршуми со калибар 7,62х25mm.