17.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Невреме во Македонија

Претпладне во земјава преовладуваше сончево и топло време со мала до умерена облачност. Попладнево во западните и југоисточните делови имаше локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи.Во останатите делови од земјава се задржа сончево и топло со мала до умерена облачност. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Најтопло беше во Демир Капија и Гевгелија, кадe температурата достигна 30 степени, додека најстудено во Маврово – 20 степени.

До крајот на денот ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи, особено во западните и југоисточните делови. Услови за краткотраен пороен дожд со ретки грмежи ќе има и во скопскиот регион. Во останатите делови ќе се задржи сончево и топло со мала до умерена облачност.Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Во текот на ноќта времето ќе биде ведро со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северен правец.

Спонзорирано: