14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Драма во Скопје: Роднината кај кои гостувале ги тепал со палка, жената била бремена

Брачен пар од Скопје пријавиле дека биле физички нападнати од страна на нивен роднина.
„Од 14.00 часот, пријавителот, неговата сопруга и двете малолетни деца биле на гости кај Д.А.. Околу 21.00 часот, Д.А. со палка почнал да го удира Н.Ј. и неговата бремена сопруга. Со возило на Итна медицинска помош, тие биле префрлени во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што им била укажана лекарска помош и им биле констатирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.