25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Македонија го слави Денот на словенските просветители Св. Кирил и Методиј

Денот на сесловенските просветители и учители или Денот на светите солунски браќа Свети Кирил и Методиј е државен празник во Македонија кој се празнува на 24-ти мај, во чест на основачите на првата словенска азбука.

Во 11-ти век Црквата го прогласила 24 мај (11-ти мај по стар стил) за ден на светите просветители, Кирил и Методиј.

Денот во Македонија првпат бил одбележан на 11 мај 1860 година во црквата Св.Богородица во Скопје, а традиционално на овој празник во Македонија се доделуваат награди, се одржуваат концерти и културни настани.