14.8 C
Скопје
2. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Управен пресече: Веднаш може да се изрече забрана на дизел возила со постари мотори

Германските градови можат веднаш да ги забранат постарите дизел-возила во согласност со правилата на Европската Унија, потврди највисокиот управен суд во петокот, а објави агенцијата „Ројтерс“.

Еден ден откако Европската комисија поднесе жалба против Германија поради нејзиниот неуспех да го одржи квалитетот на воздухот во градовите, пресудата на германскиот суд ќе стави уште поголем притисок врз „Фолксваген“ и другите компании да ги подобрат дизел моделите кои го загадуваат воздухот.

Истражувачката компанија „Еверкор ИСИ“ објави дека тоа ќе ја чини индустријата околу 14,5 милијарди евра.

Германија ја отвори можноста за забрана на дизел-модели во февруари, кога им дозволи на организациите за заштита на животната средина да ги тужат градовите кои не ги спроведуваат европските правила за чистотата на воздухот.

Во десетици германски градови, вклучувајќи ги и Хамбург, Минхен и Штутгарт, е надмината граничната вредност на азот оксид (NOx) во воздухот, кој е познат како предизвикувач на респираторни болсти.

Судот во Лајпциг во петокот дозволи забрана на стари дизел-модели без одлагање. Овој потег може да има големи последици врз иднината на автомобилската индустрија. Рестрикциите воведени во некои од најголемите компании во светот претставуваат тежок удар за овој сектор, но и неповолна ситуација за канцеларката Ангела Меркел, чија влада често е критикувана за наводно блиски врски со индустријата.