17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

И Парагвај отвори амбасада во Ерусалим

По САД и Гватемала, сега и Парагвај ја премести својата амбасада од Тел Авив во Ерусалим. Претседателот на Парагвај, Хорасио Картес, и израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, денеска присуствуваа на свеченото отворање на амбасадата.

Пред точно една недела САД ја преместија својата амбасада во Израел од Тел Авив во Ерусалим, што предизвика гнев кај Палестинците, а само два дена подоцна и Гватемала го направи истото.