18.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Сериозноста на настаните

Мај е месец кога скоро секоја година буди и носи нови предизвици, интересни случки, настани (сериозни), интриги, невистини, лаги, вистини и итн. Забележително, во последната недела од месецот, крајот.

Во месец кога на политичко – општествена сцена каде што се прикажани и фаворизирани главните актери во дневно – политичките превирања, односно збиднувања и стратешки надмудрувања кој повеќе е заслужен и кој повеќе работи во интерес на граѓаните, државатa и целните групи кои единствена цел им е “профитирање”, поентирање и преценување на сопствените заслуги.

Период, каде главна и актуелна тема е прашањето за името, и ставот од страна од “експертите”, на социјалните мрежи кои воглавно имаат “решение” за секој изникнат и наметнат проблем во државава и во локалното премрежје. Се запрашува ли некој, ако при толку набројани во интернет просторот, експерти, аналитичари и политичари кои доминираат во секојдневието, ќе се изнајде ли конечно решение, одлука или солуција за круцијалните прашања во општествената клима, кој ја зафати со политизација скоро секоја тема од секоја сесрана област. Рефлектира, индиферентно, сознанието дека долгорочно остануваме на една иста неситуирана позиција на државно стојалиште со намера за динамична иднина, или состојба на етикетирање од страна на помоќните земји – држави, за кои не важи Меѓународното право. (како што во повеќе дебатни емисии се произнесоја видни Универзитески професори од областа на правото).

Не го занемарувам фактот дека е битен тој елемент и двигател за стабилноста и развојот на државата, при интензивните заложби на извршната власта која континуирано (од една година), покажува волја и интерес за “воспоставување на разумна рамнотежа”, помеѓу двете засегнати страни, а тоа сме ние и јужниот сосед. Обемна тематика која ја разбработуваат аналитичари, геополитичари, политичари и други твитер корисници во интернет просторот.

Сериозно, и тоа, суштината е конечно издигнување над “статус кво” и имплементација на современи демократски вредности, доколу би имале и постоел слух во дијалогот и сослушување на соговорниците.

Во контекст на тоа и како паралела да се приврзам и кон тоа што сакам да укажам преку овој мој блог, како упатена политичка порака за сериозноста на актуелните настани, меѓутоа на домашна сцена.
Сакам да го опишам и доловам според мои видувања и перцепции, начинот на тоа како новата Влада во скоро една година, на прв и основен ред ги тргна и ги насочи суштинските реформи кон Меѓународно ниво, во надворешна конотација. Успех можеби ќе има, и тоа е за поздравување. Прагматичност и демократичност и тоа како се битни, меѓутоа и самокритичност и критичност, бидејќи не постои идеален систем кој ќе им одговара на сите ентитети, без разлика на верска, етничка или политичка припадност. Како симпатизер на Социјалдемократијата си земав, земам и ќе земам право да ги коментирам настапите на “лидерите”, од различен калибар и профил на личности кои си ги сметале своите атрибути како најзаслужни и единствено првенствено движење во политичките – партиски процеси со самоволно владеење на автократија, или препознати уште како внатрешни деспоти.

При толку опседнатост од страна на хиерархијата во првите редови и наметноста на системот, не се забележуваат опструкциите и маргинализираните интелектуалци, кој со својот сопствен став продреле до масата на луѓе, помеѓу електоратот и дури до одредени структури од опонентите.

Со повеќе акцент за внатрешната политичка распоредба и алоцирање на моќта се остава добар впечаток за вистинските ментори кој ја довеле до степен на единство доминантната номенклатура, при тоа не согледувајќи ја гордоста и суетата дека може да наштети на индивидуата, која всушност, со своите постапки ја гради и колективната свест.

Сериозно, е да, и тоа многу како во ваква позиција, (власт), структурите во своите матични партии ќе пронајдат излез за сите инволвирани поединци кои морално биле изградени, за да станат вредност во општеството и да можат слободно да демонстрираат сервилност. Постојат – т.н “струења”, во сопствените инфицирани редови, кои ја застапувале и се грижеле повеќе за својата “кауза”, отколку колективното добро. Самобендисаноста е страшна работа, но постои излез, преку принципот на пропорционалност, со разумност, иновативност и докажување на новите креатори во партиските структури – препознати како чесни, способни и компетентни. Има една неразјаснета ситуација и тешко искоренлива и како – таква е апсурдно воспоставена од постоење на повеќе – партискиот систем или плурализмот, а тоа општа констатација за стручните, моралните изразени кадри кои не можат да дојдат до израз поради поставеноста на системот, или едноставно не им го допуштаат политичките медиокрети, при што резигнира небулозата, што одредени дилетански структури перфидно им го оневозможуваат тоа, хранети со комплексните лавиринти на животот кои не знаат да го доловат духот на времето – и бремето на дневно – политичките (сериозни) настани.

Политиката по својата природа е вештина, умешност, но политиката е и манипулација, и не е толку прагматична за да и се менуваат атрибутите на дејствувања, тоа само по себе продефилира, кога и каде, вообичаено, во секојдневието, опишана традиционално како негативна појава. Ако се водеме според Социјалдемократските принципи (од идеолошки аспект) на солидарност, еднаквост и рамноправност, низ тенденциите на зголемување и продлабочување како системски реформи за подобрување и промовирање на вредностите и зајакнување на нивната позиција, ќе забележиме, сепак, дека претставникот на мнозинството никогаш не било идеално решенија. Нема идолизирања, има само одредени поддржувања во тешки моменти за справување на масата, на една привилегирана група, која сама си го препишува неминовниот успех, кој го носи генералната слика и инклузивноста на сериозноста на настаните. Алудирам на повеќе ствари, но конкретно сакам да го претставам концептот на соединување и кохезија на засегнатите страни, внатрепартиски – како резултат на осврнувањето на она што се решава моментално на Меѓународна сцена. Исто, идентично, повеќе налагаше ситуацијата да се решаваат внатре – круцијални, во сопствените редови аномалии, за воздигнување на духот на Социјалдемократијата и воспоставување на една рамнотежа, разумна, производ на колективното добро и прогресивната авангарда. Користење на приликите се составен дел од замислата. Се крунисуваат само со партиципативност, а не самоволие. “Црното е бело, белото е црно” (ако така ти издиктираат, така ќе речиш), класичен еклатантен пример за поданоци, послушници на хиерархијата.
Една од фундаменталните цели, паралелно со иницирање за промени на структурата на граѓанско – ориентираниот дел е начелото за одговорност. Свесно или несвесно, следат сериозни импликации – произлезeни од сериозноста на настаните. Идеалноста сама по себе, по дифолт, не постои. Суетата колку што е наш приврзаник, толку е и наш непријател.

Нека стои како едно согледување на сериозноста на настаните и како вовед за она што вистина, навистина се случува, не со пропаганда, туку умешност. Масата, привилегираната група, олигарсите без основа, ја постигнуваат тактички замислената цел, при тоа отфрлувајќи ги тие со сопствен став кои тешко опстојуваат во политичкиот простор.

Насочете онака како што доликува, бидејќи многу чесни и компетентни лица се во морален аут.
Добредојдено решение нa задачата:”Канализирање на личниот интерес во општо добро”. Познавајќи го габаритот и интелектуалната споособност на Х личности кои биле подобри во секој поглед, ќе издоминираат во блиска иднина и како сенка ќе ве стават да се чувствувате како срамни селективни главни учесници во вашето делување. Ќе завршам со реченицата на Михаил Бакунин, таткото на современиот анархизам:
“Моќта ги корумпира и најдобрите”
-Бакунин.

Серизно, стварно.

Автор:
Даниел Станојоски