14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Израел мора да го почитува правото на мирни протести, порача Могерини

Високата претставничка на Европската Унија, Федерика Могерини, го повика Израел да го почитува принципот на пропорционалност во користењето сила.

„Израел мора да го почитува правото на мирни протести и треба максимално да се воздржи за да се избегнат натамошни жртви“, изјави Могерини, пренесе АП.

Претходно, по повод свеченоста за преселувањето на Амбасадата на САД во Израел, од Тел Авив во Ерусалим, се случуваа масовни протести на Појасот Газа. Според последните информации на палестинското Министерство за здравство, за време на судирите со израелските безбедносни сили загинале најмалку 52 Палестинци, а илјадници завршиле со повреди.