12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Сончево со умерена облачност, попладне повремен дожд

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, попладне ќе има повремен локален дожд и ретки грмежи.

Максималните температури ќе изнесуваат од 20 до 28 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб ветер од сверен правец. Температурата ќе се движи од 12 до 26 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи, а процесите ќе бидат со променлив интензитет. Во недела нестабилно ќе биде на повеќе места.