Средбата помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, најверојатно, ќе се случи во Сингапур, пренесува телевизискиот канал Си-ен-ен, повикувајќи се на извори запознаени со подготовките.
Американскиот претседател вчера вети дека за три дена ќе ги објави времето и местото на историската средба, а дотогаш Белата куќа одби да коментира.
Засега како можни локации се споменуваат Сингапур и демилитаризираната зона помеѓу двете Кореи.