14.8 C
Скопје
2. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Сообраќајната полиција во акција, фрчат казни: Најмногу се казнува за ова

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје продолжи со засилените сообраќајни контроли на подрачјето на Скопје со цел спречување на организирање и учество на диви трки на мотоциклисти на улиците Џон Кенеди, Лазо Трповски, Втора Македонска бригада,  Христијан Тодоровски Карпош, Цветан Димов, Митрополит Теодосиј Гологанов и булеварите Јане Сандански, ‘Партизански одреди и Србија во Скопје.
 
Така и во текот на изминатата ноќ, односно во периодот од 19:00 до 1:00 часот биле извршени контроли и биле преземени 23 прекршочни мерки (управување на моторцикал со брзина поголема од дозволената, поминување на црвено светло и други прекршоци). Едно лице кое управувало моторцикал без возачка дозвола е приведено во Полициска станица „Кисела Вода” поради сомнение за сторен царински прекршок.
 
СВР Скопје ќе продолжи со спроведување редовни контроли за спречување на организирање и учество на диви трки на мотоциклисти во Скопје.