25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Мајка со високи потпетици се лизнала и го испуштила бебето од балкон

Во градот Калијан во Индија шестмесечно бебе починало откако неговата мајка Фемида Сајк го испуштила од балкон на вториот кат затоа што ја изгубила рамнотежата носејќи високи потпетици.
Детето починало откако се здобило со повреди на ‘рбетот, пред медицинската екипа да успее да го префрли во болница. Фемида Шајк (23) присуствувала на венчавка со нејзиниот син Мухамед и според пишувањата на локалните медиуми, цело време тешко се движела со нејзините потпетици.
Некои извештаи тврдат дека смртта настанала по пад од балкон, а според други, бебето паднало по скали. Полицијата брзо дошла на местото на настанот.
„Веднаш стигнавме на местото на инцидентот и го пренесовме бебето во болница каде што само констатираа смрт“, изјавил полицискиот инспектор Вилај Кедекар.