14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото mfa.gov.mk
МАКЕДОНИЈА

Димитров на состанок на министрите за надворешни работи на балканските земји и вишеградската група во Сунио

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, по покана на својот грчки колега Никос Коѕијас ќе учествува на вториот состанок во проширен состав на министрите за надворешни работи од Балканот и вишеградската група во таканаречениот формат „Балкан 4 плус Вишеград 4 плус“, што ќе се одржи на 10 и 11 мај 2018 година во местото Сунио, во близина на Атина.

Покрај стандардниот формат од минатата година во Будимпешта, каде што учествуваа министрите за надворешни работи на четирите земји членки на ЕУ од Балканот – Грција, Република Бугарија, Република Хрватска и Република Романија плус Република Словенија, првпат се поканети и земјите кандидати од овој регион – Република Албанија, Република Македонија, Република Србија и Црна Гора плус Босна и Херцеговина. Земјите од вишеградската група ќе бидат претставени од министрите за надворешни работи на Република Полска, Република Унгарија, Чешката Република и Република Словачка.

Главната дискусија на состанокот е со наслов „Иднината на Европа и проширувањето на Европската Унија“ на која се очекува воведни излагањa и свои видувања да изнесат проминентни академици и експерти. Исто така, министрите ќе имаат можност да се осврнат и на прашањето за енергетската безбедност и нејзиното значење за регионалната и меѓурегионалната соработка.

Се очекува министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на маргините на состанокот да одржи и повеќе билатерални средби.