15.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

МВР: Одговорните за Диво Насеље ќе се соочат со одговорноста

Одговорните за настаните во Диво Насеље ќе се соочат со одговорноста. Граѓаните на Република Македонија секогаш ќе се сеќаваат на херојството на бранителите, се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи по повод тригодишнината од пукањето во Куманово во кое загинаа осум припадници на македонската полиција.

„На денешен ден бележиме три години од еден од најтрагичните настани кои оваа земја ги памети. Во Диво Насеље во Куманово изгубивме осум човечки животи, осуммина припадници на полицијата. Овој нечовечки и противдржавен чин не смее никогаш да се повтори. Припадниците на полицијата се тука да ги штитат граѓаните и уставниот поредок на државата и не смеат никогаш да бидат жртви на никакви поинакви интереси“, се вели во соопштението.

Според МВР, заедничко и едно општество за сите е гарант на мирот и соживотот. „Граѓаните секогаш ќе ја паметат нивната храброст, а иституциите во Република Македонија ќе ја осигураат правдата, како должност и кон нивните семејства и кон населението“, велат од МВР.

Во Диво Насеље животите ги изгубија: Жарко Кузмановски (р. 1981), од с. Брвеница, Тетово, Ненад Серафимовски (р. 1987), од с. Зубовце, Гостивар, Сашо Самојловски (р. 1982), од с. Брвеница, Тетово, Бобан Ивановиќ (р. 1968), од с. Стајковци, Скопје, Горан Илијевски (р. 1974), од Гостивар, Исамедин Османи (р. 1983), од с. Студеничани, Скопје, Љубиша Аранѓеловиќ (р. 1966), од Скопје и Горан Стојменовиќ (р. 1970), од Миладиновци, Скопје.