12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Tрамп денеска ќе соопшти дали САД ќе се повлечат од нуклеарниот договор

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти на „Твитер“ дека денеска во 14 часот по локално време ќе објави дали САД ќе се повлечат од нулеарниот договор за Иран.

Договорот беше потпишан во 2015 година од страна на шест светски сили и Иран, кои се обврзаа дека ќе ја сопрат нуклеарната програма во замена за укинување на санкциите.

Претходно Трамп се закани дека САД ќе се повлечат од договорат, освен ако европските земји потписнички не ги поправат, како што рече, мааните на тој договор.

Викендов иранскиот претседател Хасан Рохани рече дека САД ќе направат историска грешка и ќе зажалат како никогаш досега доколку одлучат да го напуштат договорот.