15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Силен скок на цената на нафтата

Цената на нафтата порасна на 76 американски долари поради продлабочената економска криза во Венецуела и очекувањето на американската одлука за обнова на санкциите кон Иран.

На лондонскиот пазар цената за барел порасна за 80 центи и изнесува 75,67 долари. На американскиот пазар цената порасна за 84 центи на 70,56 долари.

Порастот на цените е поттикнат од кризата во Венецуела, голем извозник на нафта, засенувајќи го зголемувањето на американското производство во изминатите две години на 10,62 милиони барели дневно.

Врз зголемувањето на цената, исто така, влијае и одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за обнова на санкциите кон Иран што треба да ја соопшти до сабота.

Спонзорирано: