12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Рама: Национализмот и политичкиот раскол се поттикнати од надвор

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека национализмот и политичкиот раскол во Албанија се поттикнуваат од надвор. Албанскиот премиер, според весникот „Сот“, во интервју за The Parlament Magazine истакнува дека има надворешни сили кои се обидуваат да ја ослабат Албанија создавајќи тензии, раскол и нетрпение.

Тој додава дека и покрај овие обиди не чувствува загриженост од надворешните сили.

„Во Албанија има единство бидејќи сме проевропска и проамериканска држава во Европа. Албанија е членка на НАТО-алијансата и таа е определена во таа насока“, изјавил Рама.

Меѓупартиските тензии поттикнуваат популизам и национализам, вели Рама и додава дека има тврдења дека опозициската Демократска партија на Албанија била поддржана финансиски од Русија, што не е во согласност со домашните закони.