14.8 C
Скопје
9. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е во очај, полицијата е пријател и заштитник на граѓаните

„ВМРО-ДПМНЕ 11 години на најбрутален начин ја злоупотребуваше и партизираше полицијата, Министерството за внатрешни работи го претвори во МВРО-ВМРО, а денес како опозиција очајно се обидува да манипулира и си поигрува со чувствителни прашања“, се вели во соопштението на СДСМ.

Од таму потенцираат дека 9 мај 2015 е еден од најтрагичните денови во поновата историја на Македонија што се случи за време на владеењето на ВМРО ДПМНЕ.

„ Вистината за случувањата во Куманово мора да излезе на виделина за случајот да биде расчистен до крај. Тоа е должност кон семејствата на 8-темина загинати бранители, кон семејствата кои останаа без домови, но и кон сите граѓани на Република Македонија. Никој не смее и нема да биде амнестиран од одговорност, доколку се докаже дека на каков било начин бил дел од инцидентот што ја загрози сигурноста на граѓаните. Инволвираните и виновните во случајот ќе понесат одговорност за вакви злосторства никогаш повеќе не и се повторат на Македонија“, соопштува СДСМ.

Од владината партија велат дека, за разлика од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кога МВРО ВМРО беше сервис на Никола Груевски и фамилијата, процесот на реформи и ослободување на институциите воден од Владата предводена од СДСМ обезбедува професионализација и департизација на Министерството за внатрешни работи и другите институции.

„МВР денес работи независно, професионално и неселективно, а полицијата повеќе не е инструмент на ниту една партија туку функционира како вистински сервис, заштитник и пријател на граѓаните. Тоа е суштинската разлика што ВМРО-ДПМНЕ не може да ја сфати“, стои во соопштението.