16.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев најавува пресврт во преговорите со името – Познат датумот до кога ќе има решение

Верувам дека Македонија заедно со Грција може да постигне решение пред одржувањето на Советот на министри, односно Советот на Европа, изјави премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање, по потпишувањето на Меморандумот за соработка со Женевскиот центар за демократска контрола на вооружените сили.

„Не сме далеку од решение, но може да бидеме и навистина далеку од решение. Верувам дека може Македонија заедно со Грција да постигне решение пред одржувањето на Советот на министри, односно Советот на Европа, а веднаш по него е и Европскиот совет, кон крајот на јуни. Би сакал да постигнеме решение дури и до Самитот на Европската Унија за Западен Балкан. Тоа е 17-ти, 18-ти мај, но поважно е да постигнеме решение. Затоа, кога веќе направивме сериозни чекори, а има сериозни чекори направено, ве уверувам дека движејќи се кон она што ни е важно, а тоа е да го сочуваме достоинството и идентитетот и на нашата страна и на грчката страна ќе се обидеме да го постигнеме решението коешто секако на Македонија ќе и обезбеди автоматска покана од НАТО и датум за преговори со Европската Унија“, рече Заев.

Првиот човек на Владата додаде дека Македонија заслужува и ги исполнува условите за членство, но и политичките прашања треба да бидат решени.

„Со овие продемократски, прозападни и проевропски манири со коишто се однесуваме и двете страни во разговорите верувам дека ќе смогнеме сили до самиот крај да изнајдеме решение коешто ќе биде од корист на двете страни“, истакна премиерот.

Спонзорирано: