10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Во застој сообраќајот за товарните возила на „Прешево“

Македонските гранични полициски служби при Граничниот премин Табановце добиле известување од српска страна дека денеска во периодот од 8,15 часот до 17 часот поради прекин на електрична енергија на Граничниот премин „Прешево“ (годишен ремонт), сообраќајот за товарните моторни возила ќе биде во застој на влез и излез.
Според информациите од српската страна по однос на товарниот сообраќај ќе се води рачна евиденција за товарните возила, така што за едно возило во просек ќе бидат потребни 15 до 20 минути, додека пак празните товарни возила ќе минуваат непречено.