10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Фатен разбојник од Скопје, во ист ден ограбил и аптека и продавница

Скопската полиција поднесе кривична пријава против Д.Ј.(32) од Скопје, поради сомнение дека извршил две разбојништва со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 55.950 денари.

 

Првото кривично дело го извршил на 20 јануари околу 7,35 часот, во аптека лоцирана на булеварот „Јане Сандански“ на тој начин што откако влегол во аптеката со закана со пиштол кон вработените, влегол позади работниот пулт каде од касата одзел пари, а потоа и на двете вработени им ги побарал и одзел мобилните телефони, по што побегнал.

 

Истиот ден гоизвршил и второто разбојништво, кога околу 19,15 часот на улицата „Христо Татарчев“ влегол во продавница и со закана со пиштол кон вработената и наредил да се тргне од пултот, и рекол да влезe во тоалетот. Откако вработената постапила како што и кажал Д.Ј. ја отворил касата, ги одзел парите, и од пултот го одзел и паричникот на оштетената во кој имало лични документи, пари, кредитни картички, здраствени картички и еден мобилен телефон. По извршеното кривично дело, осомничениот го напуштил местото на настанот.

 

Врз основа на издадена наредба од Основното јавно обвинителство Скопје, од страна на операторите добиени се телефонски листинзи од кои е констатирано дека еден од украдените мобилни телефони го користело лице од село Грчец. Од страна на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Скопје, тој бил повикано на службен разговор во кој кажал дека мобилниот телефон го купил од лице на Бит Пазар. По преземени мерки, бил утврден идентитетот на лицето од кое биле купени украдените мобилни телефони, и тој бил повикан на службен разговор, каде кажал дека 21 јануари од Д.Ј. откупил два мобилни телефони.