10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
СВЕТ

Трамп: САД нема да бидат изиграни во Северна Кореја

Претседателот на САД, Доналд Трамп, рече дека САД нема да бидат изиграни кога ќе дојде до мировните преговори со Северна Кореја.
Тој наведе дека разговорите на поделениот Корејски Полуостров никогаш не стигнале толку далеку.
Неколку часа порано Ким Џонг-ун стана првиот севернокорејски лидер кој ја премина демаркационата линија помеѓу двете Кореи и се состана со претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин.
Тие во заедничка изјава ветија дека ќе работат на формално заокружување на корејската војна до крајот на годината и денуклеаризација на Полуостровот, без да го прецизираат начинот на кој ќе дојдат до целта.
Трамп си ја препиша заслугата сметајќи дека неговото лидерство придонело за помирувањето на двете Кореи. Тој денеска ја прими во посета германската канцеларка, Ангела Меркел.