10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Меркел: Oдлуката за иранскиот нуклеарен договор останува на САД

Oдлуката за иранскиот нуклеарен договор останува на САД, изјави германската канцеларка Ангела Меркел на денешната прес-конференција со американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон.
Таа рече дека ќе продолжат да разговараат со САД, во момент кога се приближува 12 мај, што е краен рок Трамп да одлучи дали Вашингтон би вовел повторни санкции за Техеран, што би значело излегување од нуклеарниот договор.
Американскиот претседател изјави дека претходно мора да се осигура оти Иран нема да произведува нуклеарно оружје.
На средбата помеѓу Трамп и Меркел во Белата куќа, станало збор и за трговијата, пришто Трамп истакна дека е посветен на коригирање на трговскиот дисбаланс меѓу САД и Европа.
Германската канцеларка рече дека се можни преговори за билатерален трговски договор меѓу ЕУ и САД.