18.8 C
Скопје
2. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) На Филипини затворен популарен туристички остров, по плажите распоредени 600 полицајци

Филипини од денеска на шест месеци го затвори туристичкиот остров Боракај, кој, според зборовите на претседателот, се претворил во септичка јама.

Контроверзното затворање на островот се случи во присуство на голем број припадници на безбедносните сили. Полицајците беа распоредени на влезните точки од овој мал остров кој стана жртва на сопствениот успех, односно популарноста кај туристите.

Началникот на локалната полиција, Цезар Бинаг, изјавил дека одлуката за затворање на островот стапила на сила на полноќ, а туристите кои во меѓувреме дошле со траект, главното транспортно средство до островот, не добиле дозвола да слезат на истиот.

„Боракеј е официјално затворен за туристите. Не ги затвораме постоечките објекти, но туристи веќе не можат да доаѓаат. Ние само ја спроведуваме одлуката на претседателот“, рече Бинаг.

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте нареди затворање на островот и во една пригода го нарече „септичка јама“ обвинувајќи ги хотелите и рестораните дека нивните отпадни води ги испуштаат директно во морето.

Според Министерството за животна средина, 195 комерцијални објекти и 4.000 физички лица на островот не се поврзани со канализационата мрежа. Сè додека трае одлуката за затворање се островот, само неговите 40.000 жители ќе можат да влегуваат и излегуваат од него, со приложување лична карта.

Владата распореди голем број безбедносни сили бидејќи се плаши од гневот на луѓето кои се противат на затворањето на островот, особено вработените во туристичкиот сектор, кои се околу 30 000. Засега не се забележани поголеми инциденти.

Од 2006 година Боракај го посетиле два милиона луѓе, претежно кинески и корејски туристи.