23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Уапсен поранешен полицаец осомничен за серија убиства и силувања во САД

Полицијата во Калифорнија уапси поранешен полицаец осомничен за серија убиства, силувања и провали во 70-тите и 80-тите години. Полицијата во Сакраменто соопшти дека го уапсиле Џозеф Џејмс Деанџело (72).

Осомнчениот живеел во Сакраменто и бил идентификуван по новите обиди на полицијата да реши стар случај. Полицијата го товари таканаречениот Убиец од Голден стејт за 12 убиства, 51 силување и повеќе од 120 провали.

Деанџело се сомничи за четири точки на убиство на Брајан и Кети Маџоре во Сакраменто во 1978 година и убиствата на Шарлин и Лиман Смит од 1980 година во округот Вентура.

Обвинителите велат дека најверојатно ќе следат дополнителни обвиненија.

Спонзорирано: