17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Седумдесет земји ќе преземат мерки против финансирање на тероризмот

Седумдесетина земји ветија дека ќе преземат нови мерки за спречување на финансирањето терористички организации,на дводневната конференција во Париз. Голем број европски и арапски држави ветија дека целосно ќе го криминализираат финансирањето на патувања и регрутирање за терористички цели, дури и кога тоа не е е поврзано со конкретен терористички напад.

Учесниците на конференцијата се обврзаа да преземат акции за справување со ризиците поврзани со начините на плаќање кои потешко се следат, како што се готовина, припејд картички и системот за пратки „хавала“, често застапен во некои африкански земји. На конференцијата е договорено да се преземат чекори за да се обезбеди спроведување на анти-терористички финансиски стандарди во однос на непрофитните организации, а притоа да не се обесхрабруваат активностите на граѓанското општество.

Француските организатори на Конференцијата истакнаа дека воените порази на терористичката „Исламска држава“ не ја спречуваат групата да ги извршува своите терористички активности, заедно со Ал-Каида – особено во нестабилните региони, како што се Авганистан, Малезија, Филипини, Јемен, Египет и субсахарска Африка. Освен припејд картички и готовина, ИД, исто така, инвестира во бизниси и недвижности за да обезбеди финансирање на своите активности. Приходите на ИД се проценети на 2,5 милијарди американски долари помеѓу 2014 и 2016 година, според канцеларијата на францускиот претседател Емануел Макрон.