17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Да се создаде култура на креативност за која е потребна поголема храброст – Шест години Ефектива

Не го гледајте буџетот за маркетинг активности како трошок туку како инвестиција“. Ова е пораката што вчера ја испрати тимот на маркетинг агенцијата „Ефектива“ пред своите соработници и пријатели на прославата на 6-от роденден на агенцијата.

„Ако сакаме да „излеземе од кутијата“ и од стандардните и веќе видени клишеа во делот на креативните решенија, неопходна е поголема храброст. Нема уникатност без слобода, а храброста за создавање и давање слобода на креативците е еден од клучните критериуми за успешно реализиран проект. Храбрите брендови преземаат храбри чекори. Храбрите брендови ги инспирираат луѓето“, велат од „Ефектива“.

„Ефектива“ е маркетинг агенција од Скопје која е препознатлива по тоа што на своите клиенти не им нуди само класични услуги од областа на маркетингот туку и оригинални креативни решенија за промоција на нивните брендови и производи.

Тимот на „Ефектива“ во изминатите шест години има работено на повеќе од 80 проекти, кои вклучуваат ребрендирање на домашни компании, изработка на креативен идентитет на настани од областа на културата, како и вклученост во повеќе општествено одговорни проекти. Агенцијата во своето портфолио има повеќе од 300 дизајни на амбалажи за домашни и странски производи, а за оваа активност има добиено и Меѓународно признание за дизајн на амбалажа.

За време на вчерашната прослава, која беше во стилот на after work забава, од „Ефектива“ најавија дека на есен ќе организираат Саем за детска литература и илустрација, кој на Скопје ќе му даде нова креативна енергија преку работилници, дебати, многу илустратори и квалитетна литература која ќе се обидат на вистински начин да ја доближат до публиката.