25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Сончево и топло време со попладневно наоблачување

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала, а попладне со умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Оттаму додаваат дека локално ќе има услови за краткотраен дожд, особено на крајниот исток.

Утринската температура ќе се движи од три до девет, а највисоката дневна температура ќе биде од 23 до 30 степени. УВ-индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурите ќе се движат од девет до 29 степени Целзиусови.

Метеоролозите известуваат дека во земјава ќе продолжи периодот на топло време, а во попладневните часови ќе има извесно зголемување на облачноста и услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.