Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска пред комисија ќе го презентира годишниот извештај за работата на специјалното обвинителство.
Седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците во понеделникот се одложи, пред Јанева да го претстави извештајот, поради координацијата на политичките партии, по барање на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. На седницата не беа присутни претставниците на државните комисии за да ги образложат извештаите за нивното работење во текот на 2017 година, а притоа за нивното отсуство не го известиле ниту Собранието. Претседателот на Комисијата тогаш го закажа продолжението, на кое ќе се расправа за извештајот на СЈО, за денеска во 12 часот.