12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трамп до Макрон: Нуклеарниот договор со Иран е катастрофален

Претседателот на САД, Доналд Трамп, за време на првиот ден од посетата на францускиот претседател, Емануел Макрон, го опиша нуклеарниот договор со Иран како катастрофален и луд.

Лидерот на Вашингтон изрази загриженост дека договорот потпишан пред три години од страна на САД, Европа, Иран, Русија и на Кина не придонесува со ништо за справување со програмата за балистичките ракети на Техеран или за поддршката што Техеран им ја дава на разни групи од Блискиот Исток.

Една од причините за посетата на Макрон во Вашингтон е да го убеди Трамп да не се повлекува од договорот за што САД конечната одлука ќе ја донесат до 12 мај.