12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Макрон: Франција и САД ќе работат на нов нуклеарен договор со Иран

Претседателот на Франција, Емануел Макрон изјави дека е подготвен да соработува со Вашингтон за постигнување на нов договор за нуклеарната програма на Иран, откако претседателот на САД, Доналд Трамп го опиша договорот постигнат пред три години како катастрофа и лудило.

„Можам да кажам дека имавме многу искрена дискусија по ова прашање. Отсега ќе работиме на нов договор со Иран“, изјави Макрон на заедничката прес-конференција со Трамп, по нивниот состанок во „Белата куќа“.

Неколку месеци наназад, Трамп најавува дека ќе се откаже од нуклеарниот договор, опишувајќи го како најлошата зделка. Во јануари Трамп го предупреди Иран дека има последна шанса да докаже оти ги исполнува условите од договорот, или САД ќе бидат принудени да се повлечат.