18.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Стивнаа јужнокорејските звучници на границата со Северна Кореја

Властите во Сеул наредија да се сопре емитувањето на пропагандни пораки преку големите звучници долж севернокорејската граница. Звучниците се стивнати во пресрет на разговорите на високи функционери од двете земји, кон крајот од оваа недела.

Јужна Кореја има поставено десетина големи звучни системи долж границата на северниот сосед, кои со години емиуваат сè и сешто, од корејска поп музика, до критички настроени вести кон Пјонгјанг. Пораките кои обично се емитуваат можат да ги слушнат севернокорејските војници стационирани на границата и цивили кои работат во таа област. Сеул соопшти дека гасењето на звучниците ќе придонесе за подобра атмосфера во разговорите меѓу официјалните лица на двете земји.

„Се надеваме дека оваа одлука ќе им укаже на двете Кореи дека треба да престанат со меѓусебната критика и пропаганда и се обидуваме да создадеме атмосфера за мирно решение и нов почеток на односите“, објави официјален Сеул.

На другата страна од границата, Северна Кореја има свои звучници, кои емитуваат слични пропаганда насочена кон критикување на јужниот сосед. Сè уште не е познато дали Пјонгјанг ќе ги исклучи своите звучници.