20.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Хрватските угостители очајно бараат работници на сите страни, плата 1.000 евра

Хотелиерите и угостителите од Дубровник се уште се во потрага по работна сила иако до почетокот на туристичката сезона остана помалку од месец дена.

Според зборовите на претседателот на угостителите во Дубровник Анте Влашиќ за Дубровачки весник, добро е Хрватска да ги прошири квотите со цел работници да може да доаѓаат од други држави.

Бројни портали последниве денови нудат понуди за вработување во ресторани, кафулиња и хотели на хрватскиот брег, а како најниска плата се споменува цифра од 1.000 евра.

Во меѓувреме угостителите во Дубровник се снаоѓаат како знаат и умеат, работници бараат на сите страни.