25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Вулин: На Хрватска ѝ смета тоа што Србија ја зборува вистината

На властите во Хрватска им смета тоа што Србија ја зборува вистината и им сметаат Србите кои ја зборуваат вистината, изјави српскиот министер за одбрана, Александар Вулин, коментирајќи го соопштението на хрватското министерство за надворешни работи, дека тој не е добредојден во Хрватска.

Вулин истакна дека Србија, на оваа провокација, наскоро ќе реагира државнички.

„Најстрашната вистина за Јасеновац не е само тоа што се случило, туку тоа што сегашна Хрватска не сака ниту да се покае, не сака да изрази каење за тоа ѓто го направила“ изјавил Вулин.

Тој нагласил дека нема да престане да ја зборува вистината, таква каква што е.

„Германија заврши со тоа. Кажа дека се кае поради злосторствата од Втората светска војна, не доаѓа во Матузен да положи цвеќе. Тешко е да се замине во Јасеновац на гроб на убиените деца, а потоа во Блајбург на гроб на касапите на тие деца. Нас не боли секое сеѓавање, но некој веќе мора да каже – „Се каеме“, нема да одиме во Блајбург да покажеме венци на гробовите на усташите“ порача Вулин.

Српскиот министер посочи дека не ни планирал да оди во Јасеновац, каде комеморацијата ја одрува хрватската влада.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ вчера порача дека можното доаѓање на српскиот министер за одбрана, Александар Вулин на подрачјето на Јасеновац, не би било добро решение, поради, како што рекол, неговите претходни неприфатливи изјави.