25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Почина најстарата личност во светот, родена пред 117 години

Најстарата личност на светот, 117-годишната Јапонка, Наби Таџима починала во болница, пренесоа јапонските медиуми.

Таџима починала вчера вечерта во болницата во градот Кикаи, во јужниот дел од Јапонија, соопштил претставник на градот. Старицата се наоѓала во болница уште од јануари.

Таџима била родена на 4 август 1900 година и има повеќе од 160 потомци, вклучително и пра пра пра пра внуци. Таа станала најстарата личност во светот пред седум месеци, по смртта на Вајолет Браун од Јамајка, која почина исто на 117 години. Гинисовата книга на рекорди во светот, претходно овој месец, го потврди 112 годишниот Масазо Нонака од северна Јапонија како најстар човек во светот.

Геортолошката истражувачка група со седиште во САД соопшти дека уште една јапонка, Чијо Јошида, сега е најстарата личност во светот. Таа за 10 дена, треба да наполни 117 години.