24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Вежбовна активност на АРМ можеше да биде фатална за Т.Р. – Итно пренесен во болница

На 20.04.2018 година во 18,45 часот во Полициска станица Неготино било пријавено дека околу 12,00 часот во Медицински центар Неготино бил донесен Т.Р.(38) од Тетово, вработен во АРМ, кој при изведување вежбовни активности на армискиот полигон „Криволак“, се здобил со изгореници од 2 и 3 степен по целото тело (најверојатно од барут).

По укажаната лекарска помош, бил пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза” во Скопје и е надвор животна опасност.