17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Претрес во домот на скопски полицаец – она што го пронашла полицијата било доволно веднаш да биде изречен уште еден притвор

Полицаец од Скопје доби притвор од 30 дена откако при претрес во неговиот дом била пронајдена марихуана.

Против него е поднесена кривична пријава поради основано сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Според информациите на МВР, на 19. овој месец, при претрес на домот на Ј.Ј.(40) од Скопје, пронајдени се 125 грама марихуана, како и семки од канабис. По извршеното вештачење на биолошки материјал земен од Ј.Ј., констатирано било присуство на метаболит на хероин во организмот.

Одделот за внатрешна контрола поведе и дисциплинска постапка и Ј.Ј. ќе биде суспендиран од работното место до завршување на постапката.