25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Лавров: Путин и Трамп нема да дозволат вооружен судир

Владимир Путин и Доналд Трамп нема да дозволат вооружен судир меѓу Русија и САД, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

„Доколку ме прашувате за воени судири, 100 проценти сум сигурен дека армиите на двете земји нема да дозволат да дојде до тоа, се разбира, тоа нема да го дозволат ниту Путин ниту Трамп“, изјави тој за „РИА новости“.

„На крајот, тие се лидери што ги избрал народот. Тие се одговорни за мирот“, додаде Лавров.

Кога станува збор за односите меѓу Русија и САД, кои се на многу ниско ниво, Лавров рече дека има напори за олабавување на јазолот.

Рускиот министер откри дека Трамп во телефонски разговор го повикал Путин во Вашингтон.

Како што рекол американскиот претседател, би му било многу драго да го види Путин во Белата куќа. Лавров рече дека и Трамп со задоволство би се согласил да ја посети Москва.