22.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски појадуваше со Могерини – „Постои сомнеж дека власта е вмешана во криминал“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари работен појадок со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, соопшти партискиот Центар за комуникации.
Двајцата соговорници, во рамки на средбата, зборувале за европските интеграции на државата, најновиот извештај на Европската комисија и нотираните недостатоци.
„Претседателот Мицкоски истакна дека Европската Унија и е потребна на Република Македонија како начин за подигнување на стандард на граѓаните, повисок квалитет на живеење и споделување на заедничките вредности. На тој план ВМРО-ДПМНЕ даде свој придонес давајќи суштински забелешки кои беа инкорпорирани во реформските закони кои беа донесени, со што партијата се вoдеше од државните интереси и интересите на граѓаните кои за ВМРО-ДПМНЕ се на прво место. Мицкоски изрази загриженост за економската стагнација во државата, корупцијата која е широко распространета и случаите кои отвараат сериозен сомнеж за криминал во кој се вмешани највисоки преставници на власта“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски пред Могерини посочил и дека политичкиот терор е широко застапен, и тој се одвива на повеќе нивоа како начин на пресметка на власта со неистомислениците. Тој се пожалил и на притисоци врз медиумите и недостаток на демократски амбиент, што како што рекол, е сериозен предизвик кој државата ја уназадуваат во повеќе сфери.
Мицкоски во рамки на средбата заклучил дека Македонија мора да го продолжи патот кон Европската Унија, се до нејзино целосно интегрирање, а за тоа е клучна и поддршката од пријателите од Европската Унија кои мора одблиску да ги мониторираат процесите и волјата на владата да работи на надминување на нотираните забелешки во Извештајот на Европската Комисија.
Спонзорирано: