22.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Австрија ги заостри правилата за добивање азил

Австриската влада донесе нов закон со поостри правила за подносителите на барања за азил, кој наиде на многубројни критики, а неговата примена би можела да донесе и големи трошоци.
„Дополнително, персоналот и уредите потребни при примената на новиот закон со себе носат нови трошоци, кои надминуваат износ од два милиона евра годишно“, јавува виенскиот весник „Дер стандард“ повикувајќи се на извори од Министерството за внатрешни работи.
Новиот закон за странци, односно делот што се однесува на подносителите на барање за азил, предвидува од барателите да се зема износ од 840 евра, кои би требало да бидат употребувани за делумно покривање на трошоците за постапката за обработка на барањето за азил.
Спонзорирано: