12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Одложена посетата на инспекторите на Дума

Инспекторите од Организацијата за забрана на хемиско оружје ја одложија посетата на сирискиот град Дума кога тимот на Обединетите нации јави дека на таа локација дошло до пукотници, изјавил извор близок до тимот.

Како што се наведува, и покрај тоа што деталите за пукотниците не се јасни, посетата на инспекторите е одложена, пренесе „Ројтерс“.

Вчера беше најавено дека меѓународниот инспекциски тим добил дозвола за пристап до сирискиот град Дума, кои се наоѓаат во Сирија од саботата, но дури вчера добија дозвола за влез во градот, каде што се случи наводниот хемиски напад.

Официјален Дамаск ги отфрли информациите за вчерашниот бомбашки напад во Дума.