16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Руски обвинител: Британија не соработува со Русија во правните случаи

Британските власти одбиваат да соработуваат со Русија во случаите Сергеј Скрипал и неговата ќерка, Борис Березовски и Александар Литвиненко, изјавил рускиот заменик државен обвинител, Сак Карпетјан.

„Во сите три случаи, властите одбиваат да соработуваат со Русија, поради што никој неможе да ја процени нивната објективност“ рекол Карпетјан, пренесе Тас.

Русија не добила никакви документи од Британија за смртта на бизнисменот Борис Березовски, ниту пак сме слушнале нешто за причината на смртта, додал обвинителот.

„Руските власти побарале од властите на Британија да достават документи кои ја потврдуваат смртта на Березовски, како и нејзината причина и тоа една година по неговата смрт. Но, не добивме никакви документи, наспроти обврските на Британија во согласност со Конвенцијата за правна помош“ рекол Карпетјан.

Скрипал и неговата ќерка беа отруени во Салсбери на 4-ти март, Кулија, според медиумите, е во добра состојба и се опоравува, додека Сергај Скрипал во стабилна состојба.

Литвиненко во 2006 година беше отруен со радиоактивен полониум, поради што набрзо почина како последица на труење.

Спонзорирано: