Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Откажани сите концерти: Македонската легенда доживеа мозочен удар

Популарниот пејач на “Парни Ваљак”, Аки Ракимовски кој има 62 години, имал мозочен удар.

Сите концерти се откажани јавуваат хрватските медиумите.

Информацијата стигна до фановите преку официјалните страници на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм.

„За жал принудени сме да ги откажеме сите концерти на неопределено. Аки Рахимовски имаше полесен мозочен удар и иако се чувствува подобро, некое време треба да забави и да се фокусира на заздравувањето.

Многу сериозно ја сфаќаме нашата работа и со незадоволство ќе разочараме илјадници луѓе кои се радуваа за претстојните концерти, но здравјето на Аки сега е на прво место“, пишува во објавите на социјалните мрежи. Рахимовски за 24сата.хр изјавил дека се чувствува добро

Инаку Аки или како што се вика Александар Рахимовски е роден во Ниш но веднаш се преселил во Скопје каде што поминал поголем дел од својата младост.

Спонзорирано: