17.8 C
Скопје
22. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Нов терористички напад – има мртви и многу повредени

Нов терористички напад вчера го потресе Светот.

Овој пат во Германија каде што загинаа неколкумина.

Најмалку три лица загинаа, а 30 се повредени во германскиот град Минстер откако во пешаци удри комбе. Нападот се случил пред популарната гостилница Киепенкер каде имало многу луѓе, а возачот на комбето се самоубил.

Шпигел пишува дека полицијата се сомнева оти станува збор за терористички напад.

 

Полицијата трага по експлозив во Минстер

Полицијата трага по експлозив во германскиот град Минстер, по денешниот напад кога камион влета во толпа луѓе, при што животот го загубија четири лица, а најмалку 30 се повредени. Медиумите наведуваат дека најверојатно станува збор за терористички напад, но официјалните институции апелираат на воздржаност.

Напаѓачот веднаш по нападот се убил со огнено оружје на лице место, соопшти полицијата. Шест лица се во критична состојба по нападот во германскиот град Минстер. Нападот се случил пред популарната гостилница Киепенкер каде имало многу луѓе. Голем дел од градот е затворен и локалните жители се замолени да ја избегнат областа.

Шпигел пишува дека полицијата се сомнева оти станува збор за терористички напад.