Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Европска комисија: Компромитирани податоците на 2,7 милиони корисници на Фејсбук во Европа

Можно е да се компромитирани личните податоците на 2,7 милиони корисници на Фејсбук во Европа, кои на несоодветен начин и биле доставени на британската компанија Кембриџ Аналитика, соопшти Европската комисија, повикувајќи се на потврда добиена од компанијата Фејсбук.

Европската унија соопшти дека ќе контактира со органите за заштита на податоците на земјите членки и САД со цел да се утврди дали социјалната мрежа Фејсбук ги прекршила европските прописи за приватност, по протекувањето на податоци на неколку милиони луѓе.

Британската компанија Кембриџ Аналитика е обвинета дека ги користела личните податоци на милиони корисници, без дозвола добиени од Фејсбук, за да му помогне на Доналд Трамп да победи на претседателските избори во САД во 2016 година. Фејсбук наведе дека Кембриџ Аналитика е можно да имала неовластен пристап до податоците на 87 милиони луѓе, а не 50 милиони, како што првично се претпоставуваше.

Спонзорирано: