24.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Голема акција на македонската полиција – уапсени се 11 лица

По претходно добиени оперативни сознанија, Секторот за внатрешни работи Скопје – Единицата за недозволена трговија на 31.03.2018 и 01.04.2018 година на местото викано „Маркова река“ презеде мерки и активности со цел откривање и спречување на кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Притоа, од слобода се лишени 11 лица на возраст од 21 до 37 години, сите од Скопје. Кај нив биле пронајдени повеќе видови таблети, повеќе пакувања марихуана, хероин и други видови опојни дроги. Лицата биле лишени од слобода и со нив бил извршен разговор во полициска станица. По целосно расчистување на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Исто така, врз основа на судска наредба, биле извршени претреси кај три лица од Скопје. При претресот кај лицата Г.Ц. (26) А.К. (21) и М.М. (32) биле пронајдени 433 таблети со натпис „Tramadol“ од 50мг, амфетамини и марихуана. Лицата биле лишени од слобода и со нив бил извршен разговор во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Спонзорирано: