15.8 C
Скопје
23. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Американка го повикала поранешното момче на велигденска вечера и го запалила

Велигденската вечера се претворила во вистински пекол за еден човек од американскиот град Алтамонте Спрингс кого поранешната девојка го запалила и го оставила да изгори.

Како што пренесуваат тамошните медиуми, Шивон Перез го повикала своето поранешно момче на вечера и го замолила да ја поправи цевката во бањата поради наводно протекување под мијалникот. Кога тој легнал на подот за да може полесно да ја поправи цевката, Перез го полеала со бензин и го потпалила со запалка со зборовите „Ќе платиш за сè“.

Потоа го заклучила во бањата и се обидела да го задржи, но сепак тој успеал да ја турне вратата и да избега. Итно бил префрлен во болница со тешки изгореници на градите, вратот и на лицето.

„Горел додека трчал по скалите. Кожата му е излупена, а лицето му беше крваво. Навистина страшна глетка“, рекла сосетката Никол Фејдер.

Перез (38) била уапсена од локалната полиција кога излегла од болница, каде што завршила поради вдишување поголема количина чад. Обвинета е за убиство со умисла и е задржана во притвор, без право на кауција.