22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Власта удира по џебот на граѓаните

Економијата во Македонија стагнира, додека низ регионот и низ Европа бележи раст, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ, кои додаваат дека паради корупцијата во власта, инвестициите не заобиколуваат и наместо во Македонија странските инвеститори се одлучуваат за земјите од соседството.
„СДСМ ја зароби државата, а со тоа и целото општествено – економско работење падна на колена. Република Македонија ја заврши 2017 година без раст на БДП. Државата после долг период не бележи раст и тоа е само поради неспособноста на актуелната влада. СДСМ не работи за граѓаните, туку за тесно партиските интереси и елитите од Бихаќка. Секое македонско семејство од почетокот на година е задолжено за нови 1.200 евра. Нов долг има, раст нема. Инвестиции воопшто. Ова го има само во Република Македонија под водство на СДСМ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, Власта удрила по џебот на граѓаните и тоа не еднаш, туку повеќе пати.
„Немилосрдното задолжување на идните генерации е пропратено и со покачување на акцизата на нафтените деривати за 3.5 денари. Ова не беше доволен удар по џебот на граѓаните, па власта се реши на покачување на персоналниот данок на доход од 10% на 18%. Или буквално кажано задолжувањето на СДСМ од кое граѓаните немаат никаков бенефит, ќе го враќаат токму граѓаните преку повисоки даноци. Фијаското на економски план и целата безидејност, СДСМ го покрива со дефокусирање на јавноста преку политичкиот прогон на неистомисленици“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Неистомисленици се влечат по притвори и по судови со цел креирање приказна во медиумите која ќе ја дефокусира јавноста од вистинските проблеми и економското фијаско приредено лично од Зоран Заев и СДСМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ и според нив, државата е заробена, институциите се злоупотребуваат, а законите не важат.