14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ посочи на ново задолжување, СДСМ негира

Нема нето задолжување од денешната аукција, а ВМРО-ДПМНЕ очајно шири лажни вести. Ваква е реакцијата на СДСМ по денешната прес-конференција на Оливер Дерковски од опозицијата, кој рече дека Министерството за финансии закажало нова аукција на државни хартии од вредност со која власта ќе се задолжи со нови речиси 29 милиони евра.
Од СДСМ велат дека средствата добиени од денешната аукција ќе бидат искористени за исплата на досегашните долгови.
„Со денешните средства во текот на утрешниот ден и на 16 април ќе бидат исплатени 28,9 милиони евра по основа на порано издадени и доспеани за отплата државни хартии од вредност, што е идентична сума со онаа што е запишана на денешната аукција. Истовремено, каматните стапки на државните хартии од вредност што се продадени на денешната аукција се доста пониски од оние што доспеваат за враќање, што укажува на намалување на трошоците на државата“, реагира владејачката партија.
СДСМ понатаму додава дека опозицијата не може да се помири со успешните економски политики на Владата, додека од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека економијата стагнира и не генерира раст.